Согласно член 126 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15, 154/15, 23/16, 178/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 251/22), Друштвото за производство, трговија и услуги КОЖУВЧАНКА ДОО увоз извоз Кавадарци, со седиште на ул.Шишка бр.37 Кавадарци, со ЕДБ МК 4011995103008 и ЕМБС 5017556, застапувано од Управителот Јанинка Чупаркоска, ги донесе следниве:
ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНА ИГРА
ПОГЛЕДНИ ПОД КАПАЧЕТО И ДОБИЈ ГРАТИС ШИШЕ
Организатор на наградната игра

Член 1
Организатор на наградната игра со назив “ПОГЛЕДНИ ПОД КАПАЧЕТО И ДОБИЈ ГРАТИС ШИШЕ“ е Друштвото за производство, трговија и услуги КОЖУВЧАНКА ДОО увоз извоз Кавадарци, со седиште на ул.Шишка бр.37 Кавадарци, со ЕДБ МК 4011995103008 и ЕМБС 5017556.
Назив на наградната игра

Член 2

Официјалното име на наградната игра гласи “ПОГЛЕДНИ ПОД КАПАЧЕТО И ДОБИЈ ГРАТИС ШИШЕ“.
Цел на наградната игра

Член 3
Целта на оваа наградна игра е рекламирање на Синалко и Синета производите со следните вкусови Синалко Кола, Синалко Оранж, Синалко Фреско, Синалко Газоза, Синалко Касис, Ладен чај Синалко Лимон, Ладен чај Синалко Праска, Ладен чај Синалко Брусница, Ладен чај Синалко Аронија, Синета Јаболко, Синета Праска, Синета Мултивитамин, Синета Вишна, Синета Портокал, во пакување од 0,5 литри.
Територија

Член 4

Наградната игра ќе се спроведува во сите објекти од продажната мрежа на територијата на Република Северна Македонија, каде се продаваат Синалко и Синета производите во пакување од 0,5 литри со следните вкусови Синалко Кола, Синалко Оранж, Синалко Фреско, Синалко Газоза, Синалко Касис, Ладен чај Синалко Лимон, Ладен чај Синалко Праска, Ладен чај Синалко Брусница, Ладен чај Синалко Аронија, Синета Јаболко, Синета Праска, Синета Мултивитамин, Синета Вишна и Синета Портокал.
Право на учество

Член 5
Во наградната игра право на учество имаат сите полнолетни граѓани во Република
Северна Македонија, со купување на Синалко и Синета производ од било кој вкус (Синалко Кола, Синалко Оранж, Синалко Фреско, Синалко Газоза, Синалко Касис, Ладен чај Синалко Лимон, Ладен чај Синалко Праска, Ладен чај Синалко Брусница, Ладен чај Синалко Аронија, Синета Јаболко, Синета Праска, Синета Мултивитамин, Синета Вишна и Синета Портокал), во пакување од 0,5 литри, означено со посебно пакување и етикета за наградна игра.
Право на учество во наградната игра немаат вработените во ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци и членовите на потесниот круг на нивните семејства.
Времетраење на наградната игра

Член 6
Наградната игра ќе се спроведува во периодот од 01.06.2025 година до 31.05.2026 година во секој објект од продажната мрежа на територијата на Република Северна Македонија во кој се продаваат Синалко и Синета производите, во пакување од 0,5 литри.
Механизам на наградната игра

Член 7
Друштвото за производство, трговија и услуги КОЖУВЧАНКА ДОО увоз извоз Кавадарци ќе пушти во промет неограничена количина од Синалко и Синета производите во сите вкусови во пакување од 0,5 литри, при што добитни ќе бидат 100000 шишиња.

Учесникот во наградната игра ќе утврди дали шишето е добитно со отворање на истото. Шишето е добитно доколку јасно и недвосмислено на внатрешната страна на капачето е испишан зборот SCHMECKT. Доколку на внатрешната страна на капачето не е испишан зборот SCHMECKT, тогаш шишето е недобитно.
Производите предмет на наградната игра ќе бидат означени со посебна етикета на која е впишан називот на наградната игра и правилата за учество во наградната игра.

По завршувањето на наградната игра, сите непродадени шишиња означени со посебна етикета на која е впишан називот на наградната игра и правилата за учество во наградната игра, ќе бидат повлечени од продажба.

Член 8
Ако на внатрешната страна од капачето е испишан зборот SCHMECKT, во тој случај учесникот во наградната игра е добитник на награда – Синалко производ од производите определени како награден фонд во оваа наградна игра во пакување од 0,5 литри (Синалко Кола, Синалко Оранж, Синалко Фреско, Синалко Газоза, Синалко Касис, Ладен чај Синалко Лимон, Ладен чај Синалко Праска, Ладен чај Синалко Брусница, Ладен чај Синалко Аронија), по избор на добитникот на награда.

Доколку учесникот го приложи добитното капаче, односно капачето каде што на неговата внатрешна страна е испишан зборот SCHMECKT, по завршувањето на наградната игра истото се смета за неважечко и за него нема да се доделуваат награди.
Услови за учество во наградната игра

Член 9

Секое полнолетно физичко лице кое во периодот на времетраењето на наградната игра од 01.06.2025 година до 31.05.2026 година, ќе купи некој од Синалко и Синета производите од било кој вкус, во пакување од 0,5 литри во било кој објект од продажната
мрежа на територијата на Република Северна Македонија, каде што истите се продаваат, се стекнува со право на учество во наградната игра.
Не постои никакво ограничување на количината која секој учесник ќе сака да ја купи.
Награден фонд на наградната игра

Член 10
Наградниот фонд на наградната игра “ПОГЛЕДНИ ПОД КАПАЧЕТО И ДОБИЈ ГРАТИС ШИШЕ“ изнесува 2.000.000,оо денари со вклучен ДДВ.

Сите учесници во оваа наградна игра кои што ќе купат Синалко и Синета производи, во пакување од 0,5 литри, од асортиманот на ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО увоз извоз Кавадарци имаат можност да добијат награда Синалко производ од 0,5 литри од било кој вкус (Синалко Кола, Синалко Оранж, Синалко Фреско, Синалко Газоза, Синалко Касис, Ладен чај Синалко Лимон, Ладен чај Синалко Праска, Ладен чај Синалко Брусница, Ладен чај Синалко Аронија), по негов избор, доколку на внатрешната страна од капачето на шишето е испишан зборот SCHMECKT.

Поединечната цена на Синалко производите, од претходниот став, во сите вкусови во пакување од 0,5 литри изнесува 20,оо денари со вклучен ДДВ 18%.
Добитникот по негов избор го одбира вкусот на Синалко производот во пакување од 0,5 литри од производите определени како награден фонд во оваа наградна игра.

Вид на наградаБројПоединечна вредностВкупна вредност
Синалко 0,5 литри од било кој вкус (кола, оранж, фреско, газоза, касис, лимон, праска, брусница и аронија)100.00020 денари2.000.000 денари


Запознавање со наградната игра

Член 11
Правилата на наградната игра ќе бидат објавени на интернет страната www.sinalco.mk, пред започнувањето на наградната игра, по добивањето на согласност од страна на Министерството за финансии.
Објавување на добитници

Член 12
Добитниците од оваа наградна игра ќе бидат објавени на интернет страната www.sinalco.mk, во рок од 3 дена од денот на завршувањето на наградната игра “ПОГЛЕДНИ ПОД КАПАЧЕТО И ДОБИЈ ГРАТИС ШИШЕ“.
Подигање на наградите

Член 13
Наградите кои се определени како награден фонд во оваа наградна игра, можат да се подигнат во секој објект од продажната мрежа на територијата на Република Северна Македонија, од каде е купено добитното шише Синалко или Синета во пакување од 0,5 литри.
Добитникот може да ја подигне наградата во објектот од продажната мрежа каде
што го купил добитното шише со приложување на капачето на кое е пишува SCHMECKT, веднаш, а најдоцна во рок од 60 дена по завршувањето на наградната игра.

При подигање на наградата во објектот од продажната мрежа, секој добитник е должен кај продавачот да остави лични податоци, име и презиме и адреса со приложување на лична карта.

Контрола на валидноста на добитното шише, односно на капачето на кое е испишан зборот SCHMECKT, врши лицето вработено на каса во секој објект од продажната мрежа на територијата на Република Северна Македонија, каде од страна на учесникот–добитник се предава добитното капаче.
Замена на награди

Член 14

Учесниците во наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во официјалните правила од страна на Организаторот. Замена на наградите со други предметни или други противвредности не е дозволена.
Во ниту еден случај нема да биде доделен поголем број на награди од назначениот. Организаторот не подлежи на никаква одговорност за задоцнети или изгубени учества.
Приговори

Член 15

Учесниците во наградната игра имаат право да поднесат приговор во рок од 7 дена од денот на објавувањето на добитниците.
Приговорот се поднесува исклучиво во писмена форма до организаторот на наградната игра.
Организаторот на наградната игра е должен во рок од 7 дена од денот на приемот на приговорот да одговори на истиот.
Прифаќање на правила за наградна игра

Член 16

Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила, запознат е со начинот на учество на наградната игра, механизмот за одвивање на наградната игра и другите правила кои се однесуваат на оваа наградна игра.
Користење на лични податоци

Член 17

Организаторот на наградната игра има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетиншки цели, по претходно добиена писмена согласност од страна на добитниците за користењето на нивните лични податоци.

Учесникот во наградната игра изречно е согласен дека организаторот на оваа наградна игра, до отповикување од страна на учесникот, може да прибира, води, чува и обработува збирка собрани лични податоци на наградените корисници, за изведување на наградната игра, како и за маркетиншки цели.

Дадената писмена согласност за користење на личните податоци за маркетинг
цели, добитникот има право да ја отповика во секој момент, со доставување на барање, врз основа на кои личните податоци ќе се исклучат од понатамошното користење за маркетиншки цели.

Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра.
Организаторот на наградната игра се обврзува дека ќе ги обработува и чува податоците во согласност со законодавството со кое е уредена заштитата на личните податоци.

Личните податоци со кои организаторот се стекнал во текот на наградната игра ќе се уништат по исполнувањето на целите за кои се собрани, а најдоцна во рок од 30 дена сметано од денот на преземањето на наградите, а уништувањето на податоците ќе се врши согласно Правилникот за начинот на уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумите при ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци.
Одговорност

Член 18
Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра според неговото убедување.
Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда ако потроши поголема сума на пари. Организаторот не одговара за евентуални штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра.

Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност, потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки, сврзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.
Даночни обврски

Член 19
Даночните обврски за добитниците на наградите ги плаќа организаторот на наградната игра, во име и за сметка на добитникот.
Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани за наградите.
Евентуални спорови

Член 20
Секое несогласување помеѓу Организаторот и учесниците во наградната игра ќе се решава спогодбено, а во случај на настанат спор за истиот ќе решава месно и стварно надлежниот суд во Кавадарци и во согласност со важечките закони во Република Северна Македонија.
Откажување на наградната игра

Член 21

Организаторот на наградната игра може да го прекине спроведувањето на
наградната игра во случај на виша сила или технички дефект и тоа во период потребен за отстранување на последиците од вишата сила, односно техничкиот дефект, по добивање согласност од Министерството за Финансии.

Во случај на прекин на наградната игра, Организаторот на наградната игра ќе ги информира потрошувачите и учесниците во наградната игра за прекинот на наградната игра, за причините поради кои се прекинува наградната игра, како и за датумот на прекин на наградната игра, со објавување во најмалку еден дневен весник кој е достапен на територијата на која се приредува наградната игра.
Важност на правилата на наградната игра

Член 22

Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат се до завршувањето на наградната игра.
Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

Организатор на наградната игра
ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци
Управител Јанинка Чупаркоска

go top