Кожувчанка ДОО е формирана во 1993-та година во Кавадарци, Р.С.Македонија. Основана е од браќата Никола и Стојан Јанчеви, со првична цел истражување и експлатација на минерална суровина и вода во подножјето на Кожуф планина. По истражувањето на изворот, компанијата добива дозвола и концесија за експлатација, и со официјалниот почеток во 1995-та година почнува и развојот нa Кожувчанка како прва приватна минерална вода. Во годините што следуваат водата Кожувчанка станува лидер на пазарот, препознатлива по својот квалитет, а компанијата по лојалноста и флексибилноста кон потрошувачите. Во 2005-та година Кожувчанка ДОО потпишува договор со Германскиот бренд Sinalco, и до денес е производител и официјален застапник на омилените безалкохолни пијалаци на пазарот. Денес Кожувчанка е компанија со 150 директно вработени лица и многу повеќе индиректни, а партнер е со 5 поголеми компании од својата област. Своите производи ги извезува во Европа, Северна Америка и Австралија и може да се пофали со едно од најбогатите портфолија во државата, и 70 SKU-а од 5 бренда. Кожувчанка ДОО, по нивните татко и чичко, успешно ја менаџираат и водат до успех д-р Митко Јанчев, по кој на чело на истата денес е неговата сестра г-ѓа Јанинка Чупаркоска.
НАШАТА ИСТОРИЈА
Магијата започува во 1902 со познатиот натуропат Фридрих Едуард Билц и со визионерскиот индустријалец и експерт за пијалоци Франц Хартман кога ја создаваат Билц-Лимонадата (Bilz-Lemonade). Нивната цел била да направат пијалок кој ќе ги хидрира работниците со витамини и ревитализирачки вкусови. И денес ја имаме истата мисија: да овозможиме освежување за секој. Нашето име стана синоним за квалитет, вкус и освежување, и било каде во светот каде што ќе го видите нашето впечатливо лого, знаете дека сте избрале производ кој ги има овие вредности.
1905 до 1963
Во 1905 година, по конкурсот за избор на името, се појавува името Синалко. Инспирацијата доаѓа од латинскиот израз “sine alcohole” (без алкохол) и оттука е регистрирано како светски заштитен знак. Во 1937 година е креирано логото „Црвена Точка“, правејќи го Синалко веднаш препознатлив во светски рамки. Во 1950 година беше создадено класичното шише Синалко – револуционерен дизајн кој го направи брендот познат во 1960-тите.
1964 до 2000
2001 до 2009
Во духот на „стани и оди“ на новиот милениум, Синалко ги поминува првите години од 21 век проширувајќи ја палетата на производи на брендот со воведување на нови и возбудливи вкусови.
Во 2005 го прославивме нашиот 100ти роденден. Од 2007 Синалко ја добива титулата “Бренд на Векот” од асоцијацијата “German Standards”.